Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Автомобил на година во Македонија – финалисти
13.01.2012

Изборот на Aвтомобил на годината во Македонија влегува во својата завршница. Жирито ги претставува финалистите кои ќе се натпреваруваат за престижната титула кој се доделува по 17-ти пат.

avto-godina-mkd-finalisti-1-2012-1

Членовите на жирито: Томислав Биљарац, Љупчо Михајловски, Горан Антевски, Владимир Ристовиќ, Зоран Коцев и Агрон Сулејман од големата понуда на нови автомобили на нашиот пазар кои пристигнаа минатата година ги избраа следните модели за во финале:

- Citroen C4
- Audi Q3
- Mercedes B класа
- Hyundai Elantra
- Kia Rio
- Chevrolet Aveo
- SsangYong Korando
- Toyota Yaris
- Suzuki Swift

По изборот на финалистите жирито во понатамошните фази ќе ги оценува финалистите според следниве критериуми:

- адекватност и понуда на домашниот пазар
- економичност и еколошка прифатливост
- безбедност и примена на технолошки достигнувања
- возни својства
- дизајн и
- комфор и опременост

Кој од деветте финалисти ќе освои најмногу гласови и ќе се закити со титулата „Автомобил на 2012 година во Македонија”, ќе се знае во првата половина на месец февруари.

Водено, годинава во изборот за прв пат се воведува и признание за SUV на годината, кое ќе биде доделено на најистакнатиот претставник од оваа сé попопуларна категорија возила.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook