|
27.03.2007 |
Научниците од центарот на General
Motors во Мичиген постигнаа чекор напред во развојот на интелигентни
материјали, кои ќе почнат да се применуваат во сериските возила уште во 2010
година.
Се работи за метални легури, односно полимери кои можат да ја менуваат
формата и цврстината или двете својства одеднаш кога се изложуваат на топлина,
притисок, магнетно поле или електричен напон.
Интелигентните материјали ќе го
променат изгледот на автомобилите. Со нив може буквално да се програмира
функционалноста. Користени како замена за делови што се движат со сервомотори
или хидраулика, умните материјали ја намалуваат тежината на возилото,
големината и сложеноста на деловите, им отвораат поголема слобода на
дизајнерите и ја подобруваат функционалноста и трајноста. Пример за тоа се
активни каросериски делови во форма на спојлери или канали кои се поместуваат или
деформираат под дејство на воздушните струи и на тој начин ја подобруваат
аеродинамиката и брзината на возилото.
Легурите и полимерите со меморија за формата
имаат шанса да отворат ново поглавје во материјалите што ги користи
автомобилската индустрија. Може да си замислиме делови од возилото што после
судир се поправаат сами. Или пак делови што ќе ја менуваат бојата и изгледот.
Интелигентните материјали веќе се користат во неколку индустриски гранки, ги
има во медицински апарати, антени на мобилни телефони, играчки и спортска
опрема. GM досега има регистрирано преку 175
патенти на тема интелитентни материјали.
|