|
10.05.2007 |
Заборавете на тјунирање. Пребирливите муштерии на Ferrari
добиваат автомобил по сопствена желба дизајниран и развиен во погоните на италијанската
марка.
Како пример може да ни послужи еден купувач од САД. Тој
нема намера да го следи примерот на Џејмс Гликенхаус кому Ferrari му го
изработи уникатниот P4/5 базиран на Enzo. Овој човек нарача
да му се направат три модели 600 GTO.
Новиот автомобил ќе биде базиран на 612 Scaglietti, но ќе
биде полесен за 285 килограми. Каросеријата во голем дел изработена од композит со подобрена аеродинамика
треба да обезбеди за 25 проценти поголем притисок врз асфалтот при 200 km/h.
Во Ferrari не сакаат да го откријат името на овој специфичен
муштерија, но има гласини дека нарачателот сака да го воскресне Ferrari
North American Racing Team (NART) кој беше основан од првиот импортер на Ferrari во САД во
1958 година Луиџи Чинети.
Новиот 600 GTO ќе и биде
претставен на јавноста во септември на салонот во Франкфурт.
|