Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
AvtoVAZ ќе произведува модел на Nissan
21.07.2011

Nissan планира да започне производство на евтин модел во погоните на AvtoVAZ. Евтиниот модел ќе се произведува на основата на Dacia Logan и ќе биде уште една варијанта на Lada R90.

dacia-logan-rusija-1-2011-1

Информацијата доаѓа директно од шефот на руското одделение на Renault и на Nissan, Бруно Анселен и според него производството треба да стартува во текот на следната година.

Година подоцна, поточно во 2013 во погоните на AvtoVAZ ќе почне производство на мотори и менувачи за Renault, Nissan и Lada, a во 2015 години ќе почне производство на модели на Renault и на Nissan.

За да се остварат плановите алијансата во Русија ќе инвестира околу 2 милијарди долари. Во моментот Renault-Nissan поседуваат 25% од AvtoVAZ, но во следните неколку години со најавените 2 милијарди долари уделот ќе достигне 51%.

Оваа бројка ќе се достигне на сметка на инвестиции и доставување на нови технологии за напредок на AvtoVAZ.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook