Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
AvtoVaz партнер со Renault
10.12.2007
lada-kalina-avtovaz.jpgИзбран за стратегиски пратнер од страна на рускиот автомобилски гигант AvtoVaz, Renault купи поголем дел од акциите на компанијата со што си обезбеди солидна позиција на растечкиот пазар во Русија.

Годинава продажбата на автомобили во Русија се искачи до браојката од околу 2,5 милиони, доколку ваквиот раст на продажбата продолжи се предвидува до 2011 годишната продажба на автомобили да ја надмине границата од 3,3 милиони.

Со една ваква бројка Русија ќе стане најголемиот автомобилски пазар во Европа. Некои експерти дури предвидуваат дека ваквиот развој на настаните би можел да се случи и порано од 2011.

Затоа сите поголеми производители се обидуваат да обезбедат локални погони за производство на автомобили. VW тоа го направи неодамна, а на ред е и Renault.

Производителот на исконската Lada, компанијата AvtoVaz не успеа да направи автомобил кој на пазарот ќе се натпреварува нискобуџетните возила како Renault Logan.

Во трката за договор со AvtoVaz беа и Fiat и GM.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook