|
13.12.2007 |
Одговорните во Spyker се пресреќни од
насоката во која одат преговорите со банката од Литванија, Snoras
Group за ревитализирање на компанијата и продавање на еден крупен дел од
акциите.
Заедно со преговорите со литванската Snoras
Group, менаџерите на Spyker преговараат со уште неколку потенцијални инвеститори, но
за сега не е донесена никаква одлука. Факт е дека од сите преговарачки страни Snoras
Group е најзаинтересирана за инвестирање.
Финансиските проблеми што го зафатија Spyker во
изминатава година претат да и стават крај на марката. Во компанијата мораа да
престанат со развој на неколку нови модели и да го продадат тимот во Формула 1
за да ги вратат настанатите долгови.
Spyker се надева дека договор со Snoras Group ќе биде
постигнат наскоро. Внатрешен извор во Spyker вели во следните
десетина дена. Што поскоро склучување на договор е исклучително важно за Spyker, посебно
откако компанијата ACI од Лихтенштајн се откажа од намерата да инвестира.
|