|
04.07.2007 |
Производителот на едни од најдобрите и најомилените
леснометални бандажи германскиот BBS е продаден на една
компанија со белгиски капитал Punch International.
Иако сите детаљи околу превземањето сеуште не се
комплетирани јасно е дека многумина ќе ги загубат своите работни места во обид
да се подобрат слабите финансиски резултати на BBS.
Во февруари годинава BBS доброволно
отиде во стечај откако регистрираше загуба од 3,8 милиони евра минатата година
поради наглиот скок на цената на алуминиумот на светскиот пазар.
Новиов договор се смета како успех на 1.200 вработени на BBS кои во
најтешкиот период останаа на работа за како така да ја одржат компанијата на
нозе и за да се постигне еден ваков договор со Punch.
Според новиот договор со Punch,
ограноците на BBS во Италија и во САД ќе останат независни додека
предлогот за нов проект во Кина сеуште се разгледува.
Во секој случај убаво е да се знае дека испораката на
нашите омилени бандажи ќе продолжи. Заштитниот знак на бандажите на BBS со осум
пара жбици и голем офсет секогаш ќе бидат на нашата листа со желби.
|