Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Белата куќа ги спасува GM и Chrysler
22.12.2008
gm-chrysler-logo-1.jpgАмериканските власти се согласија да им помогнат на проблематичните автомобилски гиганти General Motors и Chrysler со одобрување на помош во висина од 17,4 милијарди долари.

Одлуката да се закрпат финасиските дупки во компаниите ја објави лично претседателот на САД, Џорџ Буш. Администрацијата на Буш беше исправена пред тешката одлука дали да им се помогне на компаниите откако сенатот го отфрли нивното барање.

Според Буш, Белата куќа, чувствува обврска да им помага на американските компании бидејќи од нив, пред се, зависи иднината на американскиот народ пред кого Белата куќа чувствува најголема одговорност.

Парите ќе бидат обезбедени и строго контролирани од фондот на Белата куќа наречен Troubled Asset Relief Program или во слободен превод програма за спасување на проблематични компании првично создаден за спасување на проблематичните американски банки.

General Motors и Chrysler веднаш ќе добијат помош од 13,4 милијарди долари, додека дополнителните 4 милијарди долари ќе им бидат распоредени во февруари идната година.

Се очекува eдна вaква огромна финансиска инекција да ги одржи во живот двата производители до средина на 2009 кога се очекува попуштање на стегата предизвикана од глобалната економска криза.

Условите наметнати од администрацијата на Белата куќа велат дека производителите ќе мора да покажат добра стратегија за извлекување од кризата и живнување на продажбата до март 2009.

Доколку ова не се случи Белата куќа ќе биде принудена да ги повлече предвидените заеми, по што, GM и Chrysler ќе мораат да се снаоѓаат сами.

Единствено Ford нема да добие заем од Белата куќа, само затоа што компанијата не побарала. Раководството на Ford смета дека компанијата може да се извлече од проблемите без заем.

Тие веруваат дека можат сами да ја поправат лошата финансиска состојба бидејќи реално компанијата нема толкави проблеми како GM и Chrysler.

Сепак, доколку лошата состојба на пазарот продолжи или почне да се влошува понатаму, тогаш и Ford ќе биде приморан да бара помош од државата.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook