mitsubishi-asx-test-2010-1
Тест: Mitsubishi ASX

Mitsubishi ASX е модел од кого компанијта очекува многу, а тој потврдува дека очекувањата не се залудни

 
Get Adobe Flash player

Benltey вози на етанол
26.02.2009
bentley-supersports-1.jpgГлобалниот интерес за заштита на животната средина и грижата за намалување на ефектот на стаклена градина го примораа дури и еден Bentley да направи зелен автомобил.

Новиот модел на
Bentley кој покрај бензинот користи и биогориво, односно етанол Е85, наречен е Continental Supersports, ќе дебитира во Женева и е најмоќниот Bentley на сите времиња.


Моќникот Continental GT Speed го губи приматот. Неговите 610 КС и 750 Nm избледуваат во однос на 630 КС и 800 Nm вртежен момент на новиот Supersports кого развојните инженери го нарекуваат Extreme Bentley.


Continental Supersports е способен да ги катапултира патниците до 100 km/h за неверојатни 3,9 секунди или до 60 mph за 3,7 секунди и да достигне максимална брзина од 329 km/h.


Воедно Supersports е првиот и за сега единствениот Bentley кој покрај бензин може да користи биогориво и е пионер во имплементирањето на FlexFuel технологијата во луксузниот сегмент.


Планот на Bentley е воведување на технологијата FlexFuel во сите свои модели до 2012 доволно за да стане предводник во создавањето на зелени луксузни автомобили.


Тајната на поголемите перформанси на, во основа истиот мотор, лежи во специфичните карактеристики на етанолот и останатите биогорива.


Иако тие по единица волумен произведуваат помала специфична снага од фосилните горива, сепак, една нивна карактеристика условува ослободување на поголеми количества моќност, додека во исто време произведуваат пониска емисија на СО2.


Позитивната појава на етанолот и останатите биогорива е, релативното разладување на коморите за согорување во цилиндрите на моторот, при, согорувањето на смешата гориво/воздух. Со што се постигнува повисока специфична моќност на моторот во споредба со фосилните горива.


Сепак, сето ова се донесува на перформансите на моторот. Вкупните перформанси на возилото се долг на подобрувањата на шасијата и суспензијата, вградување на полесни компоненти и воведувањето на новиот Quickshift менувач кој значајно го скусува времето на префрлање.


Поставени се нови амортизери со подобрени карактеристики во однос на GT Speed и подебели стабилизатори.


Возните карактеристики профитираат и од новиот централен диференцијал кој го распределува вртежниот момент предна/задна оска во сооднос 40:60, пошироката трага на задните тркала, леснометланите бандажи од 20 инчи и посебно поддесената електронска контрола на стабилност.


Користењето на карбон-керамички дискови како стандардна опрема го подобрува комфорот и држењето на пат, додека во исто време штеди на тежина и го подобрува одзивот и чуствителноста на управувањето.


Со користењето на полесни материјали инженерите во Bentley успеале да заштедат 110 kg во однос на GT Speed. Што значи дека Continental Supersports носи тежина од 2.240 килограми.


Continental Supersports покрај по содржината и визуелно се разликува од GT Speed. Дизајнерите успеале да нацртаат автомобил кој и кога стои изгледа како да вози со 200 + милји на час.


Однапред се забележуваат вертикалните отвори за довод на ладен воздух и жабрите во хаубата за одвод на врелата воздушна маса што ја произведува монструозниот мотор.


Понатаму предната маска, леснометалните бандажи, основата на светлата, рамките околу стаклата се обоени во метална црна боја во споредба со хромираните детали на GT Speed.


Внатре покрај рачно штевената и шиена кожа кабината изобилува со детали од карбон-фибер, возачот и совозачот пропаѓаат во тркачки кади, додека задните седишта се целосно извадени и на нивното место е оставен простор за багаж ограден со попречна цевка исто така од карбон-фибер.


Цевката има двојна улога. Покрај тоа што служи како ограда, таа е прицврстена за каросеријата и дополнително ја скрутува. Однандвор забележливи се и дополнително надуваните задни крила кои ги сокриваат задните тркала со за 50 mm поширока трага во однос на GT Speed.


Од Bentley најавуваат дека нарачките за Continental Supersports се примаат веднаш и дека првите примероци ќе ги напуштат производните капацитети во втората половина на 2009.


Цената сеуште се држи во тајност и за сега неа ќе ја дознаат само сериозните купувачи по директно обраќање кај дилерите на Bentley. Цената јавно ќе биде објавена по премиерата во Женева.


И за крај малку историја. Името Supersports не е избрано случајно. Тоа доаѓа од оригиналниот двосед од 1925, 3.0 Supersports кој претставуваше еволуција на моделот 3.0 Speed.


Оригиналниот Supersports бил првиот модел на Bentley што успеал да ја надмине границата од 100 милји на час и исто така бил препознатлив по вградувањето на технологија директно превземена од светот на трките.

 


 
Get Adobe Flash player