Get Adobe Flash player
Bentley го обновува Flying Spur
10.06.2008
bentley-flying-spur-speed-1.jpgBentley одлучи дека е време за обновување на луксузната лимузина Continental Flying Spur и што е уште поважно го претстави и спортскиот модел со наставка Speed во името.

Новиот модел носи полно име Continental Flying Spur Speed и под хаубата пакува 600 коњски сили доволно за да ја освои титулата најмоќниот седан на Вentley на сите времиња, а воглавно е базиран на Continental GT Speed со W12 битурбо мотор.

Кога ќе стане збор за перформансен модел прво предмет на интерес се неговите перформанси. А во случајов Speed има со што да се пофали. Спринтува до 100 km/h за 4,5 секунди, едвај поспоро од еден 911 Carrera S, и има максимална брзина од 322 km/h.

Во однос на Continental Flying Spur, Speed има спуштено подвозје, модификувана суспензија способна да се носи со моќната коњица и леснометални бандажи со пречник од 20 инчи.

Сигурно не е за жалење ниту стандардниот Flying Spur кој исто така носи 6.0 литарски W12 битурбо, кој во случајов развива само 552 коњски сили и ја бутка грдосијата до 100 km/h за 4,9 секунди, а потоа до максимални 314 km/h.

Покрај инженерите во Bentley работа имале и дизајнерите. Обновениот модел може да се пофали со ситни, но префинети стилски детали во однос на претходникот како што е поисправената предна маска и поголемите отвори за воздух во предниот браник.

Подобрен е и комфорот со поставување на нови материјали кои обезбедуваат подобра акустичка изолација, користени се и акустички премази, трислојни панели монтирани под подот на автомобилот и дополнителни облоги на вантрешниот дел од отворите за тркалата.

Исто како и кај Speed и стандардниот Flying Spur има наново пресметани водилки на тркалата изработени од алуминиум и доработени пружини и амортизери, а за разлика од својот спортски брат лежи на за број помали леснометлани бандажи кои имаат пречник од скромни 19 инчи.

Единствено и за двата модели е најмоќниот аудио систем вграден во сериски автомобил. Како што и доликува аудио системот е од премиум сегмент и има засилувач со моќност од 1.100 W, а го обезбедува британската аудиофилска компанија Naim Audio.


 

 

 

Facebook