Get Adobe Flash player
Bentley GT Speed
22.08.2007
gt-speed-1Continental GT очигледно не беше доволно брз, па Bentley одлучи да напрaви високоперформансна верзија од него. Новакот се нарекува GT Speed, најбрз и најмоќен сериски Bentley до сега.

Со новиот GT Speed доаѓа и рестилизираната верзија на Continental GT. И двата автомобили ги краси поширок и понизок отвор за воздух, плус многу поисправена предна маска за подобар проток на воздух потребен за да се нахрани и разлади монструозниот 6.0 литарски W12.

GT Speed се гордее со 600 КС и вртежен момент од 750 Nm, 15 проценти повеќе вртежен момент и 9 проценти повеќе моќност во однос на стандардниот Continental GT.

Моќноста исто така е подобрена низ целото работно подрачје благодарение на смаленото триење и полесните внатрешни делови на моторот, плус нова управувачка електроника.

Крајниот резултат е спринт до стотка за 4,5 секунди и максимална брзина од 326 km/h.

Специфичните измени на моторот вклучуваат ново коленасто вратило, полесен синџир и побрз сензор на брегастите оски со што се смалува емисијата на јаглерод диоксид за 3,5 проценти во однос на претходникот или вкупно 396 g/km.

gt-speed-2gt-speed-3

 

 

 

Facebook