|
Без оглед на современите текови на намалување на зафатнината и бројот на цилиндри кај моторите со внатрешно согорување британската луксузна мaрка Bentley не се откажува од моторот W12.

Иако во новиот Continental, Bentley го постави новиот V8 со турбо натполнење кој од зафатнина од 4.0 литри извлекува 507 КС, тој не се откажува од отровните перформанси на постоечкиот W12 со зафатнина од 6.0 литри.
Моторот W12, според зборовите на техничкиот директор на марката Ролф Фреч, ќе биде комплетно модернизиран и ќе стане помоќен, поекономичен и поеколошки. Се зборува за моќност и преку 650 КС.
Тој ќе користи технологии како и новиот V8. Тука се вклучени систем Start&Stop, моќност за исклучување на еден блок на цилиндри кога автомобилот крстосува со константна брзина и ќе биде спарен со нов автоматски менувач кој штеди.
Фреч истакнува дека без оглед што Volkswagen се откaжува од W12 за новиот Phaeton, Bentley има намера и понатаму да ја користи моќната енергана. Тој исто така не исклучува и хибриден систем во моделите на Bentley.
Модернизираната верзија на W12 е во фаза на разработка и се очекува да се појави во моделите на Bentley дури следната година.
|