Get Adobe Flash player
Bertone Mantide ќе биде реалност
06.05.2009
bertone-mantide-1.jpgПрототипот на Bertone, футуристичкиот Mantide, влегува во сериско производство ако така може да се нарече мануфактурата. Mantide ќе вози на улица денес иако личи како да е дојден од иднината.

Зад дизајнот на Мantide стои дизајнерот Џејсон Катриота кој воедно најави дека најмногу десетина примероци ќе бидат произведени по нарачка на клиентите кои лудуваат по автомобилска ексклузива.

Според Кастриота постојат пет сигурни нарачки, но се очекуваат уште толку зa продукцијата на Мantide да биде исплатлива. А колку ќе чини ова задоволство стои на крајот од текстот.

Mantide всушност не е ништо друго него редизајнирана Corvette ZR1. Ова значи дека шасијата, моторот, менувачот, суспензијата, сопирачките, електрониката е подеднакво иста како кај ZR1.

Идејата да се користи шасијата на Corvette не е нова. Тоа го прави и Codatronca. Секако ова е многу полесно од на пример креациите на Холанѓанецот Vandenbrink кој си игра со моделите на Ferrari.

Воедно статусот на супер спортски автомобил во кој со право ужива Corvette ZR1 автоматски се пренесува и на Bertone Mantide, а на перформансите се надоврзува и вртоглаво бесниот дизајн.

Цртајќи го Мantide, Кастриота правел комбинација од призвукот на италијанскиот дизајн од минатото, врзан со футурустичките идеи на концептите на Вertone и желбата за заминување во иднината.

Користењето на лесната и ригидна шасијата од Corvette ZR1, му овозможило на Кастриота да користи лесни материјали за создавање на каросеријата која претежно е изработена од карбон-фибер и магнезиум.

Користењето на олку лесни материјали овозможило намалување на тежината за околу 100 kg во однос на и онака лесната Corvette ZR1. Добрите перформанси на Мantide се наговестуваат и со одличната аеродинамика која користи елементи својствени за болидите од Формула 1.

Пресметките и дополнително испитувањата во воздушен тунел велат дека Мantide има за 25% понизок коефициент на отпор на воздух и 30% повеќе downforce од донаторот ZR1.

Кога помалата тежина и подобрата аеродинамика ќе се претворат во бројки се добиваат следните вредности. Mantide е способен да ги катапултира возачот и совозачот до 100 km/h за 3,5 секунди и да им овозможи патување со максимални брзини кои далеку ја надминуваат границата од 320 km/h.

И за да го исполниме ветувањето еве ја и најавата за цената. Bertone Мantide според проценките на Кастриота ќе чини малку преку 2 милиони долари. Што отприлика е дваесетина пати повеќе од една Corvette ZR1.

 

 

 

 

Facebook