Крајот на Bertone
е извесен и единствен излез за компанијата е да се
продаде со цел да добие финансиска инекција која ќе и помогне да закрепне и да
продолжи со работа во годините што доаѓаат.
Според Reuters, Fiat e најсериозен во понудата за купување на Bertone, но не е единствен.
Подеднакво интерес за Bertone јавиле и поранешниот менаџер на Telecom
Italia Жандоменико Росиноло, кинескиот производител на
автомобили FAW, бизнисменот Доменико Ревило претседател на компанијата Gruppo Prototipo и Лили Бертоне вдовицата на основачот на компанијата Нучио Бертоне.
Без оглед што се најсериозниот понудувач за купување на Bertone, во Fiat сеуште немаат разработено план што ќе се произведува во погоните на
компанијата во случај да ја купат.
Управувањето со каросериската работилница Bertone воопшто нема да биде наивна работа, бидејќи станува збор за компанија
која има производствени капацитети за 70.000 автомобили на
годишно ниво во две смени.
Доколку се воведе трета смена тогаш производството на
годишно ниво би достигнало бројка од 100.000 автомобили. Бројка која воопшто не
е за занемарување.
Основан во далечната 1912 Bertone престана со производство
во 2005, а во него биле креирани едни од најдобро дизајнираните автомобили на Alfa Romeo, BMW, Lamborghini, Ferrari,
Fiat, Volvo… Bertone стои и зад прототипот Mantide.
Крајниот рок за доставување на документите за купување на
Bertone е утре 16 јули, а чија понуда ќе биде прифатена ќе се знае до крајот на
месецот.
|