Get Adobe Flash player

Bertone Pandion е најава за Alfa Brera
19.02.2010

За прослава на 100 години од своето постоење Alfa Romeo планира да претстави неколку концепти на претстојниот салон во Женева. Еден од нив е и Stile Bertone Alfa Romeo Pandion Coupe Concept.

bertone-pandion-2010-1

Долго име за купето кое доаѓа од култното дизајнерско студио. Всушност кога ќе се отстранат објаснувањата за потеклото и припадноста името е кусо, Pandion и го означува италијанскиот назив за птицата грабливка морски јастреб.

Флуидниот и агресивен дизајн на Pandion потсетува токму на птица грабливка со наострен клун и развеани задни перја кои ја превземаат улогата на стабилизатор, додека вратите кои ќе се отвораат нагоре ја дополнуваат сликата.

Во секој случај фотографиите говорат многу повеќе за дизајнот на Pandion отколку било какво објаснување на дизајнерските потези и детали. Нели сликата вреди илјада зборови.

Она што е важно да се раскаже е дека Pandion се води како купе со 2+2 места за седење со каросеријата изработена со обилно користење на карбон-фибер и фиберглас и поставена на основата на супер спортскиот модел на Alfa Romeo 8C Competizione.

Лесната каросерија, моќниот мотор, трансаксл изведбата на погонскиот мост, избалансираното подвозје и извонредните динамички карактеристики треба да му обезбедат на Pandion небески перформанси подобри од оние на донаторот.

Од Alfa Romeo и од Stile Bertone не отркиваат повеќе од техничките детали сметајќи дека нешто треба да остане и за премиерата во Женева.

Она што се знае е дека за жал Pandion нема да се произведува. Останува на ниво на концепт кој треба да послужи како водилка за дизајнот и развојот на технологиите за идните автомобили на Alfa Romeo.

Се очекува дека дел од дизајнерското влијание на Pandion ќе биде пренесено на новата генерација на спортското купе на Alfa Romeo, Brera.

 
Get Adobe Flash player