Get Adobe Flash player
Bipper, Fiorino и Nemo прогласени за Bан на годината
02.10.2008
van-na-godinata-1.jpgТројката ванови на Fiat и PSA ја понесе престижната награда „Интернационален ван на годината” која се доделува на најважниот европски саем на комерцијални и индустриски возила во Хановер.

Наградата „Интернационален ван на годината” се доделува од 1992, а истата ја доделува жири составено од новинари од 20 европски држави. Годинава Citroen Nemo, Fiat Fiorino и Peugeot Bipper беа избрани за Ван на годината за 2009 и успеаја од вкупно 140 гласови да освојат дури 112.

Одлуката на жирито, тројката ванови, создадена од заедничаката соработка меѓу Fiat и PSA, да биде прогласена за Ван на годината е поради оригиналноста на проектот од кого како резултат е произлезено малечко товарно возило со многу нови решенија.

Со својата компактност, оптималниот волумен на багажникот, поточно товарниот простор од 2,8 m3, носивоста од 610 kg, практичноста, добрите возни својства, Bipper, Fiorino и Nemo тројката во потполност ги задоволуваат потребите на купувачите на ваков тип на возила.

Згора на ова се надоврзува и патничката верзија на секој од моделите која што има широка примена како семејно возило, но и возило за слободни активности. Покрај практичноста возилата привлекуваат и со современиот, допадлив и динамичен дизајн.

Тројката лесно комерцијални возила се произведува во фабриката на TOFAS во Труција, а се извезува во преку 80 земји во светот.

Очигледно е дека соработката меѓу Fiat и PSA од една страна и TOFAS од друга функционира беспрекорно и дава одлични резултати бидејќи минатата година титулата Интернационален ван на годината беше доделена на лесните комерцијални возила Citroen Jumpy, Fiat Scudo и Peugeot Expert.

 

 

 

Facebook