|
11.06.2007 |
Fiat ја прошири понудата на мотори со два нови дизелски агрегата со два турбополнача. Познатиот турбодизелски мотор од 1,9 литри со шеснаесетвентилска глава доби уште еден турбополнач.
Помалата турбина се грижи за повеќе притисок во долното подрачје на вртежи, а големата турбина е за максимална силина. Ќе се нудат две верзии, едната со 180, другата со 190 коњски сили.
Максималниот вртежен момент на двата мотора е 400 њутнметри. Дизелите ја исполнуваат нормата Euro 5 за издувни гасови. Верзијата со 180 КС ќе почне да се продава во јули 2007, а моторот со 190 коњски сили во јуни 2008.
|