|
Од секогаш било јасно дека луѓето кои живеат на северот од Европа имале единствени идеи, посебно кога е во прашање техниката. Најново што доаѓа од тој креј е блиндиран електрородстер.

Идејата за ова возило ја обединуваат шведската фирма Gray Design и латвиската Dartz кои одлучиле да создадат родстер којшто ќе се движи на електричен погон, ќе полни батерии од сончеви панели и згора на се ќе биде блиндриран.
Според создавачите овој електрородстер наречен Jo-Mojo е наменет за богати клиенти кои летата ги минуваат на Азурниот брег. Телото на родстерот е отпорно на куршуми, но не е јасно каде ќе се сокријат главите на патниците.
Иако ростерот има подвижен капак кој ја покрива кабината под него неможат да се сокријат и патниците. Покрај тоа што ја затвора кабината капакот во себе сокрива фотоволтаични ќелии кои ги полнат батериите додека родстерот стои.
За блиндирањето на родстерот били задолжени Латвијците од Dartz, додека дизајнот на целиот автомобил вклучувајќи ја и бојата камелеон е дело на Швеѓаните од Grаy Design.
Jo-Mojo го задвижува електромотор од 80 КС поставен централно во задниот дел на шасијата и има доволно џус за да го забрза до 100 km/h за 9,5 секунди и да го потера до максимални 210 km/h.
Електрородстерот во верзија спремна за производство ќе се појави следната година на изложбата Top Marques во Монако, а иднината ќе зависи од тоа колку ќе им фати око на богатите. Покрај галеријата долу погледнете го и видеото.
|