Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Blue-Will е концепт на хибрид од Hyundai
26.03.2009
hyundai-hnd-4-blue-will-1.jpgHyundai планира активно да се вклучи во сегментот на хибридни автомобили и за таа цел за на претстoјниот салон во Сеул подготви концепт на plug-in хибрид наречен NHD-4 Blue-Will.

Blue-Will комплетно е развиен во центарот на Hyundai за развој и дизајн во Кореа. Погонот и дизајнот се дело на куќните инженери и дизајнери кои успеале да го постигнат ефектот на возило наменето за иднината.

Хибридниот погон е составен од 1.6 литарски атмосферски бензинец со директно вбризгување спрегнат со малечок електричен мотор кој ги задвижува предните тркала, а енергијата ја добива од литиум-јонски акумулатoрски батерии.

Вкупната моќност на Blue-Will е пресметана на 154 КС, додека радиусот на движење само во електричен модус на работа изнесува 65 километри што е близу до нивото на еден Chevrolet Volt и неговиот брат близнак Opel Ampera.

Покрај новиот погон и футуристичкиот дизајн Blue-Will покажува неколку конструкциски новини во сферата на градење на структурата на каросеријата која ќе биде основа за сите идни модели на Hyundai.

Конструкторите обилно користеле карбон-фибер за зацврстување на патничкиот кафез и подигнување на торзиската крутост на каросеријата што е предуслов за добри возни карактеристики бидејќи не дозволува увивање на каросеријата при големи брзини во свијок.

Новина кај Blue-Will е користењето на панели од соларни ќелии поставени на кровот кои се задолжени во да го напојуваат системот за вентилација и клима уредот. Користењето на соларните панели веќе го најави Toyota за новата генерација на Prius, но тие ќе се вградуваат од следната година.

Во Hyundai сеуште не кажуваат дали Blue-Will во некаква ревидирана верзија ќе биде пласиран на пазарот во годините што доаѓаат. Сепак, најавата дека од 2010 планираат претставување на цела низа хибриди говори дека иднината на Blue-Will е извесна.

Воедно од компанијата уверуваат дека по претставувањето на салонот во Сеул ќе ги откријат сите детали и технички карактеристики на NHD-4 Blue-Will.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook