Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
BMW 135i против F1 и V8 Supercar
30.03.2009
bmw-tii-gp-australia-1.jpgНастаните што се случуваат за време на викендот кога се одржува една гранпри трка како на пример ГП Австралија минуваат помалку забележани од главниот настан.

Иако стојат настрана овие нaстани, сепак, се главен дел од забавата наречена Формулa 1 викенд и играат подеднакво клучна улога во анимирањето на бројната публика.

Годинава првиот настан од сезоната приреди еднo брилијантно шоу во кое еден, условно сериски, автомобил се натпреваруваше против автомобил од австралиската серија V8 Supercar и болид од Формула 1.

Серискиот автомобил беше BMW 135i со вграден пакет на BMW Performanceкого баварците го претставија преку прототипот tii - кој покрај аеродинамичкиот кит, ретровизорите, хаубата и кровот изработени од карбон-фибер нуди и помоќен сопирачки кит, помоќен мотор, модификувана спортска суспензија и леснометални бандажи од 18 инчи.

Вака доработен BMW 135i и неговите 300 КС се способни да го катапултираат возачот до 100 km/h за 5,3 секунди и да достигнат максимална брзина од електронски ограничени 250 km/h.

Секако овие преформанси не се доволни за да се победат F1 болидот на BMW Sauber и V8 Supercar на тимот Greg Murphy. Затоа секое од возилата стартуваше посебно и по извозениот круг се споредуваа времињата.

На крај BMW 135i, BMW Sauber и V8 Supercar Greg Murphy извозеа по три круга, а за постигнатите резултатите да имаат доза на ферплеј F1 болидот и V8 Supercar добија временски хендикеп.

Па така времињата постигнати по круг открија дека BMW 135i има и повеќе од доволно џус на патека да ги импресионира и најзагрижените спортисти.

 

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook