Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
BMW 3.0 битурбо е Mотор на годината
08.05.2008
bmw-3.0-twin-turbo-1.jpgBMW како и многу пати до сега ја добива наградата мотор на годината. Нивниот 3.0 литарски линиски шестцилиндарец битурбо ја освои интернационалната награда Mотор на годината за 2008.

Наградата му ја додели интернацинално жири кое одлучи дека моторот на BMW поради својата флексибилност и одлично погодениот микс на перформанси и економичност е вистинскиот и неприкосновен победник годинава. Ова е еден од доказите зошто BMW одлучи да го вградува овој мотор од најмалиот модел Серија 1 до најновиот X6 Drive35i.

Но, ова не единствениот мотор на BMW кој влезе во финалето на изборот. Бавараците имаат дури четири мотори меѓу првите шестмина. Моторите на Volkswagen 1.4 литарецот TSI опремен со механички компресор и турбополнач го освои второто место, а третото му припадна на неговиот поголем брат 2.0 ТFSI опремен само со турбополнач.

Понатаму четвртото место му припадна на 4.0 литарскиот V8 од BMW M3, петото на 1.6 литарскиот турбо што се вградува во Mini и шестото на 5.0 литарскиот V10 кој работи во BMW M5.

Жирито составено од 65 новинари од сферата на автомобилизмот кои доаѓаат од 32 држави на четири континенти и на останатите производители им додели награди за одделни категори наведени во списокот подолу.

Победници на изборот Интернационален мотор на годината 2008 се:

Интернационален мотор на годината 2008
BMW
3.0 литарски битурбо (135, 335, Х6)

Најдобар нов мотор во 2008
BMW 2.0
литарски дизел битурбо (123d)

Најзелен мотор на годината
Toyota 1.5 литарски Hybrid Synergy Drive (Prius)

Најдобар перформансен мотор
Porsche 3.6
литарски турбо (911 Turbo, 911 GT2)

Најдобар мотор во категорија под 1.0 литри
Toyota 1.0 литарски (Aygo, Yaris, Peugeot 107, Citroen C1…)

Најдобар мотор од 1.0 до 1.4 литри
Volkswagen 1.4
литарски TSI со компресор и турбо (Golf, Touran, Tiguan …)

Најдобар мотор од 1.4 до 1.8 литри
BMW-PSA 1.6 литарски турбо (Mini Cooper S, Clubman, Peugeot 207/ 308)

Најдобар мотор 1.8 до 2.0 литри
Volkswagen/Audi
2.0 литарски TFSI со турбо (Golf GTi, Eos, Seat Altea/Leon, Skoda Octavia, A3, A4, A6, TT…)

Најдобар мотор 2.0 до 2.5 литри
Subaru 2.5
литарски турбо (Forseter, Impreza, Outback, Legacy)

Најдобар мотор 2.5 до 3.5 литри
BMW
3.0 литарски битурбо (135, 335, X6)

Најдобар мотор 3.0 до 4.0 литри
BMW
4.0 литарски V8 (М3)

Најдобар мотор над 4.0 литри
BMW 5.0
литарски V10 (M5)


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook