|
23.12.2011 |
|
Вообичаено е BMW да прави комби верзии на своите седани кои ја носат ознаката Touring, затоа такво нешто треба да се очекува да се случи и со новоприкажаното купе со четири врати BMW 6 Gran Coupe.

Лутиот конкурент на Mercedes CLS кој што туку почнува да го пробива мразот меѓу купувачите се очекува да пристигне и во комби варијанта под името BMW 6 Gran Touring како конкурент на најавениот CLS Shooting Brake на Mercedes.
Колку има вистина во една ваква информација не можеме сигурно да потврдиме, бидејќи автомобилот прикажан на фотографиите е компјутерски генерирана слика направена од автомобилскиот манипулатор Theophilus Chin.
Сепак, како и многупати до сега се потврдило дека каде има чад таму има и огин, па не е чудно наскоро да го видиме BMW 6 Gran Touring како реална фотографија и доколку личи како на прикажаните слики тогаш ќе знеме дека дизајнерот погодил во центар.
|