Get Adobe Flash player
BMW Х1 протечена информација
02.07.2009
bmw-x1-2010-1.jpgИако BMW сака да ги залажува љубителите на автомобили со тизери за X1 се до претставувањето на салонот во Франкфурт тоа не му успеа. Барем не сосем. Нивниот нов пулен е откриен.

Одговорните во Минхен во иднина треба да се потрудат повеќе бидејќи првите официјални фотографии наменети за дилерите ширум светот се најдоа на интернет заедно со одредени детали за автомобилот.

Јасно е дека X1 строго ги следи дизајнерските смерници на концептот Х1 претставен минатата година на салонот во Париз. Најголемата разлика во однос на концептот се задните светла кои кај сериската верзија делуваат значително полуто. Како намрштени веѓи.

Најголемата новина која што ја откриваат фотографиите е дизајнот на внатрешноста посебно арматурата, централната конзола и таблата со инструменти. Дел од нив се земени и до Серија 1 и од Серија 3, но централниот дел на арматурата со големиот екран е оригинален и внесува свежина.

Уредувањето на кабината не е единственото во кое X1 се потпира на Серија 1 и Серија 3. Малечкиот SUV на BMW е поставен на модификувана платформа на Серија 3 со значително повисок клиренс во која има механички елементи превземени и од Серија 1.

Всушност Х1 претставува конструкторски микс на двете платформи на BMW. Но, ова со сигурност ќе се знае како и останатите детали по официјалното претставување.

На стартот на продажбата како што пишувавме ќе се појават две верзии xDrive18i и xDrive18d, подоцна ќе следи и xDrive 20d за кого во BMW веруваат дека ќе биде носител на продажбата.

Според информациите кои се достапни xDrive20d под хаубата ќе пакува 177 КС доволни за забрзување до 100 km/h за околу 8,5 секунди, максимална брзина од околу 200 km/h и просечна потрошувачка од 5,8 L/100 km.

Над него ќе биде помоќниот турбо дизел кој ќе работи во xDrive23d ослободувајќи 204 КС доволни за спринт до 100 km/h за помалку од 7,5 секунди и максимална брзина од преку 200 km/h. Додека врвот на понудата му припаѓа на xDrive28i со 265 КС.

Во споредба со постариот Х3, BMW X1 ќе биде покус за 110 mm, потесен за 60 mm и понизок за 140 mm и ќе биде поевтин. Продажба на Х1 треба да стартува веднаш по премиерата во Франкфурт.

За влез во царството на Х1 се претпоставува дека ќе треба да се издвојат околу 24.000 евра.

 

 

 

Facebook