|
20.04.2007 |
Премиерите на Салонот во Шангај
покажуваат дека кинескиот пазар станува се поважен за автомобилџиите. BMW ја прикажува
студијата CS по мустра од Mercedes CLS.
Минхенската марка буквално го
толкува поимот Gran Turismo и ја става на
тркала студијата CS со која цели кон противниците Mercedes
CLS и Porsche
Panamera. Од димензиите на купето на BMW,
противнициве паѓаат во сенка: каросеријата се протега на 5,10 метри во должина,
1,98 во ширина и 1,36 висина. Тоа ветува многу простор и во длабоките школкасти
седишта одзади.
Тесни и високи светла со LED техника ги
допираат огромните бубрези на BMW, низ кои влегува доволно воздух да лади под масивната
хауба со powerdome на неа. И во браникот се интегрирани големи отвори за воздух. Отстрана
прво што паѓа во очи се бандажите од 21 инч и ниските прозорци. Линијата на
покривот паѓа се до опашот кој завршува со дискретен спојлер. Техника со LED диоди имаат и
задните светла. Четири големи издувни цевки со коцкаста форма се собрани во
задниот браник.
Внатре CS е среден како четирисед. Средишната
конзола продолжува и назад и служи како потпирач за рака. За сите четири
патници има длабоки спортски седишта. Арматурната табла е завртена кон возачот
и прикажува спој на благородни материјали, меѓу кои и керамика, а во фугите се
поставени светлечки диоди, за внатре да се добие атмосвера на lounge. Околу погонот
нема детаљи, но барем на BMW не му е проблем да најде мотор по мера за овој концептен
автомобил.
|