Големата сага на германските производители BMW и Mercedes против
кинескиот Shuanghuan завзема друг колосек откако во BMW поднесоа
тужба против европскиот импортер на клонираниот SUV.
Возилото за кое станува збор одзади е безмалку идентично
со Х5, но според Shuanghuan дизајнот е сосема легален бидејќи е
одобрен од властите во Кина.
Европскиот импортер на спорното возило е China
Automobile, чив извршен директор Карл Шлосел објаснува дека развојот на
возилото е независен и дека истото нема никакви сличности со моделот на BMW, Х5 ниту
во стилот ниту во цената.
BMW пак тврди дека луѓето на прв поглед не ја препознаваат
разликата меѓу нивниот Х5 и возилото од Кина, што во основа е и извор на
проблемот.
Додека BMW веќе е на суд во Mercedes забрзано
подготвуваат тужба против уште еден автомобил на Shuanghuan, а тоа е
клонот на Smart кого кинезите го нарекуваат Nobel.
Минатата недела Continental го доби случајот
против кинеската компанија која продава гуми со иста ознака без претходно одобрение
или договор со матичната фабрика.
Одлуката на судот во случајот на Continental отвора
врати за позитивен исход од случаите на BMW и на Mercedes за забрана
на продажбата на клонираните автомобили во Европа.
|