Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
BMW го готви Х4
23.09.2011

Информацијата е сигурна. По сигруна неможе да биде. Доаѓа директно од врвот на раководството, поточно од шефот на BMW, Норберт Рајтхофер, кој потврдува дека во Минхен се готви X4.

bmw-x4-skica-official-1-2011-1

Рајтхофер не сака да остане само на зборови и затоа ја претставува и првата скица од автомоилот кој ќе биде поставен на основата на X3, но ќе има поагресивен настап и во него ќе се возат четири патници.

За да нема двојби шефот на BMW кажува и дека во одделот М се подготвува жешка верзија на X4 која ќе биде означена со буквата М. Без оглед на потеклото Х4 ќе има сосема различен дизајн кој воопшто не го врзува со Х3.

Идејата е да се создаде сосема различен автомобил преку кого ќе се зацврсти спортскиот имиџ на марката, а во понудата X4 ќе биде поставен скалило погоре од X3, но сепак ќе стои доволно долу да не се вмеша кај Х5 и Х6.

Всушност наведува Рајтхофер, разликата меѓу Х3 и Х4 ќе биде иста како меѓу Х5 и Х6. Дури и во кабината ентериерот ќе биде насочен кон луксуз и спортско доживување, а не кон практичност заради ограничениот простор определен со ниско поставениот кров.

BMW е свесен дека практичната страна на Х4 ќе биде жртва на стилот, но кај Х6 се покажа дека тоа воопшто не им пречи на клиентите на марката. Х4 е одговор на BMW на најавениот Porsche Cajun и на неговиот брат Audi Q4.

Според Рајтхофер, планот на баварците е да го испратат X4 на пазарот во 2014 година.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook