Судскиот спор што го започна BMW против
кинескиот производител Shuanghuan за дизајнерски плагијат заврши со лош
исход по Баварците бидејќи судот ја отфрли жалбата како неоснована.
BMW го тужеше Shuanghuan затоа што нивниот SUV наречен CEO неоддоливо
наликува на Х5, но судот во Милано не мисли така и ја отфрли тужбата на
производителот од Минхен како неоснована.
Се чини дека судиите во Милано и во Минхен имаат различно
толкување на нештата. Во текот на летото судот во Минхен одговори на тужбата на
BMW и прогласи дека Shuanghuan е виновен и дека CЕО е
дизајнерска копија на BMW X5.
Големиот SUV на Shuanghuan моделот СЕО има слични димензии
како Х5 нуди место за пет патници и кога
се гледа во профил, или уште подобро, одзади неоддоливо потсетува на
германскиот SUV.
„Ние сме убедени дека СЕО не е копија на Х5. Сега се
радуваме дека не сме единствените и дека и судот мисли како нас,” изјави
портпаролот за италијанскиот увозник на Shuaghuan
компанијата Martin Motors.
Увозникот почнaл да гo продава
кинескиот SUV во Италија, но и во неколку други европски држави уште
кон крајот на минатата година. Тие истакнуваат дека до сега само во Италија се
продадени преку 300 примероци на СЕО.
Други европски држави каде што се продава Shuanghuan
CEO се Романија, Унгарија и Чешка. До крајот на годината се очекува да бидат
продадени преку 1.200 примероци на кинескиот SUV во Европа.
|