Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
BMW го најавува купето 640d xDrive
18.01.2012

BMW одлучи да ја зголеми понудата и купето од серијата 6 го опреми со дизел и со погонот на четири тркала xDrive. Ова спортcко луксузно купе ќе се препознава по ознаката BMW 640d xDrive.

bmw-6-coupe-1-2012-1

За да ги остварат своите цели за спортски возни карактеристики инженерите под хауба го поставиле 3.0 литарскиот дизел со два турбо полначи кој остварува 313 КС при 4.400 врт/мин и максимален вртежен момент од 630 Nm меѓу 1.500 и 2.500 врт/мин.

Моторот е спарен со осумстепениот автоматски менувач и до тука комбинацијата е идентична како во верзијата со погон назад. Но, тука вртежниот момент го испраќа до сите четири тркала преку системот xDrive.

Ова ветува подобри перформанси во поглед на забрзувањето од место заради подобра тракција. Па така 640d xDrive, 100 km/h лови за 5,2 секунди, додека на 640d му се потребни 5,5 секунди.

Максималната брзина е идентична и електронски е ограничена на 250 km/h. Подеднакво воодушевува и просечната потрошувачка која мери 5,7 l/100 km, а нивото на СО2 е сведено на 149 g/km.

Од BMW сеуште премолчуваат за цената и за стартот на продажбите како и за можната отровна верзија на 3.0 литарскиот дизел.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook