|
08.06.2010 |
|
Баварскиот производител на автомобили не престанува да изненадува со своите проекти од кои произлегуваат сериски модели кои очигледно го погодуваат слухот на купувачите и минуваат одлично на пазар.

Иако официјална потврда од Минхен за најновиот проект од кого треба да произлезе Х4 нема познавачи на приликите во компанијата наведуваат дека моделот ќе биде поставен на основата на новата генерација на Х3.
Значи како што Х5 го има својот Х6, така и Х3 ќе има свој следбеник Х4. Оттука станува реалност и постарата информацијата за BMW X2 како следбеник на Х1. Се чини дека X4 е многу близу до реалност бидејќи се развива заедно со Х3.
Според дизајнот Х4 ќе ги следи смерниците кои веќе се поставени од поголемиот Х6. И како што Х6 е доста сличен, но воедно и доста различен од Х5, така и Х4 ќе биде сличен, но различен од Х3 и ќе цели на сосема поразлична група на купувачи.
Иако во информацијата се нагласува дека се работи за шпекулација и дека од BMW нема ништо официјално, компјутерски генерираната фотографија изработена според наводите на инсајдерот укажува дека Х4 можеби е и многу близу до реалноста од колку што се чини.
|