Get Adobe Flash player
BMW го сопира производството на Серија 5
09.10.2009
bmw-serija-5-kombi-2009-1.jpgИнтересна и секако неофицијална информација доаѓа од Минхен која вели дека BMW го сопира производството на седан и комби верзиите на актуелната Серија 5 позната под кодната ознака Е60.

Седанот и комбито ќе бидат заменети со новиот претставник на Серија 5, Gran Turismo. Автомобил кој нуди комбинација на практичност, комфор и стил преточени во креацијата на BMW наречена Progresive Activity Sedan.

Иако од BMW сеуште не го потврдуваат престанокот на производство на актуелната петка на сметка на новиот GT извори компанијата велат дека и седанот и комбито Е60 ќе се симнат од производните ленти во текот на декември, кога се очекува на пазарот да пристигне Серија 5 GT.

Но, ова не значи дека светот ќе остане без класичните верзии на Серија 5, бидејќи наследникот на Е60 се очекува да пристигне на пролет 2010.

Од тука престанокот на производството на Е60 се поврзува со подготвување на погоните за производство на новата генерација на Серија 5 која без оглед на моделот GT ќе се нуди во двете класични верзии седан и комби.

Како и да е информациите кои доаѓаат од Минхен во врска со смената на моделот Е60 се нејасни, но она што е сигурно е дека дилерите на BMW на глобално ниво добиле инструкции да примаат само специјални нарачки од актуелната Серија 5.

Што значи сето тоа останува да видиме.

 

 

 

Facebook