Get Adobe Flash player
BMW Gran Coupe оди во серија
07.06.2010

Од BMW официјално потврдуваат дека новото купе со четири врати Gran Coupe кое што беше претставено на салонот во Пекинг ќе се произведува сериски од втората половина на 2012.

bmw-gran-coupe-6-2010-1

Сеуште се шпекулира дали Gran Coupe ќе биде новата Серија 6 на BMW. Од Минхен нема потврда за вакво нешто, но познавачите на приликите во BMW истакнуваат дека Gran Coupe е предвесник на Серија 6.

Како и да е BMW влегува во класата на спортски луксузни седани каде во моментот владеат Мaserati Quattroporte и Porsche Cayenne. Тој пристигнува на време и за да може да се справи и со најавениот Audi A7.

Поставен на платформата на која веќе почиваат луксузната Серија 7 и новата Серија 5, Gran Coupe нуди удобен и брз превоз на четири патници во должина од 5 метри и висина за 100 mm пониска од онаа на Серија 7.

Значи тенкото, клинесто и брзо купе со стил наследен од концептот CS претставен во 2007 на салонот во Шангај полно напредна технологија, со штедливи и моќни мотори и единствен имиџ ќе нуди мноштво задоволства на идните сопственици кои ќе можат да седнат зад волан за околу две години од сега.

 

 

 

Facebook