|
13.06.2007 |
BMW во иднина поблиску ќе соработува со конкурентот од Штутгарт. Поради сличната ориентација на моделската политика двете фирми ќе воспостават партнерски однос.
Двете марки се присутни во премиум сегментот и користат високи технологии, независни се, но ниту еден од нив не се вбројува меѓу најголемите производители.
BMW не ги посочува подрачјата во кои ќе соработуваат марките. Но, беше нагласено дека двете претпријатија ќе ја задржат независноста. BMW и DaimlerChrysler веќе соработуваат со General Motors во развој на хибриден погон.
Вo Минхен се спомнува и купување на уште една марка. Кандидатите се уште се отворени. Претпријатието од Петуелринг не демантираше дека се во тек преговори со Volvo.
|