Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
BMW и Volvo со нова стратегија за во САД
06.04.2010

Не станува збор соработка меѓу двете премиум марки, туку за иста одлука која е донесена независно една од друга, а во која стои дека BMW и Volvо ги повлекуват своите комби верзии од пазарот во САД.

bmw-serija-5-kombi-2-2010-1

Причината за оваа одлука лежи во слабата побарувачка на комби изведбите на големите седани на BMW и на Volvo. Затоа пак комби верзиите ќе бидат заменети со SUV модели кои одлично минуваат на пазарот во Северна Америка.

Volvo и официјално ја соопшти одлуката за повлекување на „караванот” V70 од својата понуда ви САД во 2011. Причина е наглото паѓање на интересот на купувачите за него.

Имено според статистиката на Volvo во последните 6 години интересот за V70 паднал повеќе од 5 пати. Во 2004 Volvo продал 10.000 примероци од V70 во САД, додека минатата година биле пордадени само 1.800 примероци од овој модел.

Ништо подобра не е ниту состојбата со комби верзијата на Серија 5 на BMW. Лани од неа биле продадени само 1.000 примероци, додека од останатите модели со петка во ознаката биле продадени дури 40.000 примероци.

Интересно е што само од големиот SUV на BMW, X5 се продадени 27.000 примероци, додека од помалиот X3 се продадени 6.000 примероци. Наведените бројки јасно говорат за одлуката за повлекување на комби изведбите од пазарот во САД.

Затоа Volvo и BMW ќе се фокусираат на понудата од седан изведби и кросоовери. Од BMW по претставувањето на комби верзијата на новата Серија 5 јасно истакнаа дека овој модел не е планиран да се продава на пазарот во САД.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook