|
16.03.2011 |
|
Тестирањето на прототипите од новата генерација автомобили на BMW е во полн ек. Инженерите во моментот работат на електромобилот i3 кој има шасија од алуминиум и каросерија од карбон-фибер.

Сериската верзија на i3 ќе биде подготвена кон крајот на 2012 година и кога ќе пристигне на пазарот ќе носи електромотор со моќност од 136 КС поставен под подот на багажникот и ќе ги задвижува задните тркала.
Пакетот акумулатори ќе биде распределен низ целиот под заради спуштање на тежиштетот и отворање простор во кабината. При полн капацитет батериите ќе овозможат автономија од 160 километри.
Иако од BMW сеуште говорат за i3 како целосно електричен автомобил, сепак не се исклучува можноста напред да биде поставен мотор со внатрешно согорување за полнење на батериите во движење.
Маскираниот прототип прилично ги сокрива деталите на каросеријата, но генералниот облик може да се насети и потсетува на чудниот автомобил уловен во дворот на производителот во Минхен.
Комерцијализацијата на BMW i3 треба да стартува во 2013 година, а се очекува цена од околу 35.000 евра.
|