Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
BMW ја претставува Серија 6
21.09.2010

Фановите на еден од најактивните клубови на BMW, BimmerBoost погодија во центар кога го нацртаа своето видување за идниот М6 којшто е изграден на основата на купето од новата Серија 6.

bmw-serija-6-coupe-2010-1

Потврдата доаѓа директно од баварскиот производител кој го претставува новото купе од Серија 6 во предвечерјето на салонот во Париз каде посетителите и во живо ќе можат да го видат елегатниот автомобил.

Интересно е што BMW ја напушта агресивната нота во дизајнот на новото купе и му поклонува смирени, безмалку класични, линии од кои зрачи елеганција. Уште од прв поглед јасно е дека купето го нaследува дизајнот на концептот Gran Coupe.

Всушност новата Серија 6 треба да ја натапка патеката пред во 2012 да пристигне сериската верзија на купето со четири врати најавено токму преку концептот Gran Coupe кое ја одушеви публиката на салонот во Пекинг во април годинава.

Според BMW дизајнот на Серија 6 Coupe е враќање на класичниот стил на купеата на производителот но со модерна интерпретација според видувањето на главниот дизајнер Адријан ван Хујдонк.

BMW не открива многу за Серија 6 и сеуште ја најавува како концепт иако автомобилот кој ќе влезе во серија ќе биде скоро идентичен. Најголема новина се предните светла кои во целост пакуваат LED технологија.

Тука е и новиот мултимедијален интерфејс iDrive кој информациите ги прикажува на екран осетлив на допир што буквално изнуркува во центарот на арматурата, која пак, во најдобрата традиција на BMW е закосена кон возачот.

BMW Серија 6 Coupe e поставен на платформата на Серија 5 и следствено ќе ги носи шест цилиндричните трубо бензинци и трубо дизелите и атмосферските и трубо V8 бензинци.

Подоцна се очекува и отровната верзија М6 која ќе ја пакува техниката што во моментот е во завршна фаза на развој и ќе работи во со нетрпение очекуваната нова генерација на BMW M5.

Новото купе од Серија 6 ја задржува должината на ниво на актуелниот модел, но затоа е пошироко и воедно пониско со поголемо меѓуоскино растојание. Од BMW ветуваат дека во кабината сега има многу повеќе простор.

Ова пред се се однесува на патниците на задните одвоени седишта кои ја оформуваат конфигурацијата 2+2. Спoред BMW новото купе ќе биде повеќе ориентирано кон возачот, а сепак ќе нуди поголем комфор за патниците.

Од BMW не кажуваат прецизно кога Серија 6 влегува во сериско производство, но тоа би требало да се случи некаде на почетокот на следната година.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook