Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
BMW ќе понуди ултра чиста Серија 3
13.05.2008
bmw-serija-3-1.jpgФамата за чисти автомобили, по најавата за воведување на нови регулативи во европската унија за ултра ниска емисја на СО2 од 2012, се проширува, посебно меѓу луксузните марки.

Производителите грозничаво се обидуваат да ги исчистат издувните цевки на своите автомобили, а еден од најактивните на ова поле е BMW кој со воведувањето на системот Efficient Dynamics веќе ја исчисти Серија 1, поточно моделот 118d, кој сега емитува едвај 119 g/km CO2, а на ред е и прочистување на издувот кај Серија 3.

Баварците се во пoдготовки на пазарот да го понудат моделот 318d кој ќе има емисија на СO2 пониска од 120 g/km. Сегашниот модел има емисија на СО2 од 123 g/km, ниска вредност која во BMW сакаат да ја направат уште пониска.

Целта треба да биде постигната со подобрување на аеродинамиката на возилото, менување на преносните односите во менувачот и поставување на гуми со низок отпор при тркалање.

Подобрувањата ќе се применуваат и кај Серија 1 што значи дека најмалечкиот автомобил со беџот на BMW на носот ќе биде уште почист, а планот е програмата полека да се прошири и на останатите модели.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook