Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
BMW M GmbH го најавува М5 дизел
23.11.2011

Создавањето на дизел верзијата на М5 кое е доделено на спортскиот оддел на BMW, M GmbH е веќе завршено и се чека момент кога автомобилот ќе биде понуден на клиентите преку дилерите.

bmw-m5-m550-d-1-2011-1

Доказ се првичните информации кои BMW веќе ги има испратено до дилерската мрежа во Германија во кои се наведени најважните карактеристики на  автомобилот, а тоа е моторот.

Под хауба на дизелскиот М5, поточно на BMW M550d како што велат дека ќе гласи името на автомобилот работи 3.0 литарски дизел со три турбо полначи кој остварува 381 КС и максимален вртежен момент од мрсни 700 Nm.

Иако моќноста не оди до 500 КС и 881 Nm како што се очекуваше при првата најава, сепак се работи за сериозни перформанси. Колку за споредба бензинецот во М5 остварува 680 Nm, a поблискиот по моќност BMW 550i од 4.4 литарскиот твин турбо извлекува 408 КС и 600 Nm.

Перформансите сеуште не се познати, но подвозјето, сопирачките и останатата техника е идентична како во М5. Се знае само дека максималната брзина е електронски ограничена на 250 km/h, a погонот е на четири тркала.

Во информацијата стои дека М550d ќе се нуди и како седан и како комби, а новиот три-турбо дизел ќе се вградува и во Х5 М и Х6 М.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook