Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
BMW M1 концепт
29.04.2008
bmw-m1-concept-1.jpgНајновиот концептен автомобил на BMW, не случајно наречен М1, е тука за да ги разбуди страстите од минатото и да не потсети на единствениот супер спортист од Баварија.

Всушност станува збор за реинтерпретација на еден класик со современ дизајн кој ќе биде претставен денес на Конкурсот на елеганција Villa d`Este, а се појавува точно еден месец по прославата од 30 годишнината од појавувањето на првиот М1.

Концептот кој го носи славното име плени со флуидната форма намрштениот нос и подеднакво лутиот задник. Заштитниот знак на BMW двата бубрега се развлечени и спуштени ниско, а дуплите предни светла се сокриваат под дебелите веѓи. Гледано од страна на автомобилот доминираат огромните тркала од лесен метал и страничните стакла кои како да се директно превземени од оригиналот и благо редизајнирани.

Прецизни податоци за концептот ќе дознаеме по неговото официјално претставување на конкурсот на елеганција Villa d`Este. До тогаш мало освежување на сеќавањата за оригиналот од пред три децении.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook