Иако премиерата на најмоќниот кабриолет од Серија 3 беше во план за салонот во Женева, BMW беше
приморан да го претстави порано откако неочекувано се појавија неколку фотки на
интернет.
М3 Cabrio можеби е најмоќен кабриолет од Серија 3, но е најспор М3.
Послабите перформанси во однос на лимузината и купето се должат на
дополнителната тежина добиена со додадените носачи за да се запази цврстината
на каросеријата, плус електрохидрауличниот систем за подигње и спуштање на
кровот.
Однапред кабриото личи подеднакво агресивно како и
останатите од редот М3, со набабрена и префорирана алуминиумска хауба, надуени
арки над тркалата, браник со големи отвори за воздух и специфично само за него
пониска линија на појасот и различен задник.
Под хаубата вришти алуминиумскиот V8 со
зафатнина од 4.0 литри кој остварува 420 коњски сили и максималне вртежен
момент од 400 Nm при 3.900 вртежи. Ист како и кај останатите М3 е и
максималниот број на вртежи што го постигнува моторот. Тука електрониката реагира
и исклучува на 8.400 вртежи.
Но, сега моторот е врзан со новиот седум степен менувач
со две спојки кого во BMW го нарекуваат M DKG. Според
инженерите на BMW, М3 со новиот менувач е побрз, а спринтот до 100 km/h го
исполнува побрзо токолку со мануелен менувач.
Сепак, за официјални податоци ќе почекаме до претставувањето
во Женева, a до тогаш може да уживаме и во видеото.
|