Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
BMW M3 седан оди во пензија
24.03.2010

Новата генерација на BMW M3 ќе се произведува само во две верзии како купе и како кабриолет, односно купе/кабрио, додека седан верзијата со четири врати дефинитивно заминува во пензија.

bmw-m3-sedan-2010-1

Информацијата пристигнува од извори блиски на BMW кои велат дека според оценките на актуелната продажба на верзиите на М3 станува јасно дека клиентите кои се одлучуваат да го нарачаат M болидот од Серија 3 најмногу се свртуваат кон купето и кабриолетот со цврст склоплив кров.

Очигледно седан верзијата која личи доста обично не е доволно шик за оние кои сакаат да бидат препознаени додека седат зад волан на М3.

Следната генерација на M3 ќе ја носи типската ознака F30 и ќе нуди моќност од преку 450 КС. Моќната коњица повеќе нема да приистигнува од 4.0 литарскиот атмосферски V8 кој истискува 420 КС при високи 8.300 врт/мин.

За задвижување на новиот М3 повторно ќе биде задолжен реден шест цилиндарец со зафатнина од 3.0 литри и опремен со два турбо полначи кој покрај повеќе коњски сили ќе нуди и поголем вртежен момент, понсика потрошувачка и емисија на издувни гасови.

Недостатокот на модели кај М3, BMW ќе го надохнади кај обичната Серија 3 од новата генерација. Покрај вообичаените верзии: седан кој ќе се појави во март 2012, комби септември 2012, купе септември 2013 и кабриолет март 2014 во план е и GT верзија која како изненадување за купувачите ќе се појави во март 2013, или пред купето и кабриолетот.

Новата генерација на Серија 3 ќе располага со бензински мотори со моќност од 136 до 252 КС и дизели со распон на моќност од 150 до 245 КС.

Постои гласина дека од BMW како надохнада за исфрлањето од продукција на М3 седан ќе понуди М3 Speedster кој во најдобрата традиција на спидстерите ќе има пониско предно стакло и мек кров.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook