Во зелениот пекол како што ја нарекуваат легендарната
патека во Нирбургринг BMW ја претстави тркачката верзија на својот спортски седан M5
направен во чест на 25 годишнината на одделот М.
За да ги задоволи спортските аспирации големиот седан е
олеснет има поголема снага и за жал е произведен само во еден примерок. Но,
барем за сега. Се надеваме дека баварците ќе пуштат во продажба лимитирана серија
во барем 25 примероци.
Тежината во однос на стандардниот М5 е пониска за 50 kg. Повторно
М5 е далеку од лесен автомобил, но инженерите успеале да ја симнат под 1,8
тони. Тркачкиот М5 може да се пофали со точно 1.780 килограми.
Пониската тежина е добиена со обилно користење на
карбон-фибер на делови од каросеријата хауба, преден и заден браник. Понатаму
иженерите ги отстраниле задните седишта бидејќи за на писта и онака се
непотребни, додека тркачките кади напред исто така се изработени од
карбон-фибер.
Познатиот атмосферски бензинец V10 добил
поголема зафатнина која од 5.0 е подигната на 5.5 литри. Поставен е и
дополнителен ладилник за масло за подмачкувањето на агрегатот со сув картер и
зголемен е притисокот на протокот на масло.
Заради подобар одвод на издувните гасови поставен е ново
конструиран издувен систем кој е полесен и има поширок дијаметар на цевките и
овозможва поголем проток.
Шефот за развој на одделот М во BMW, Алберт
Бирман истакнува дека моќноста на моторот е подигната за 73 КС во однос на
серискиот М5 и сега изнесува максимални 580 КС.
Притоа максималниот вртежен момент е подигнат од 520 Nm на
540 Nm. Сеушет ене се открива дали инженерите успеале да ги подигнат и
максималниот број на вртежи на моторот. Кај стандардниот М5, 5.0 литарецот се
врти до максимални 8.250 врт/мин претворајќи ги во неповторливо возаќко
искуство.
Снагата до задните тркала се пренесува преку нов роботизиран
менувач со седум степени на преност и две спојки познат од М3. Менувачот е
доработен заради поголемиот вртежен момент што доаѓа од моќниот V10.
За да се постигнат соодветни динамички каратерситики
достојни за еден тркач јубилејниот М5 има доработена суспензија со нови пружини
и амортизери и потврд сетап.
Сите овие измени условиле М5 25 да биде прилично брз на
Нордшлајфе, северниот дел од патеката во Нирбургринг. Бирман вели дека овој М5
ја минува за време покусо од 8 минути, што во однос на стандардниот М5 е
подобрување за околу 20 секунди.
Покрај славењето на јубилејот од 25 години претставувањето
на тркачкиот М5 има малку и носталгичен поглед. Експертите од М се погрижиле на
светот да му го поклонат последниот М5 со биковски снажен атмосферски мотор.
Новата генерација која е веќе во подготовка заради
модерните текови во автомобилската индустрија се откажува од моторите со многу
цилиндри и голема зафатнина.
Новиот М5 како и веќе претставените X5 M и Х6 М
под хаубата ќе пакува V8 турбо бензинец.
|