Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
BMW наскоро со i-Серија
22.12.2010

Баварската ковачница на автомобили во иднина ќе понуди нова серија на модели кои заеднчки ќе бидат познати под името i-Серија и ќе му припаѓаат на сегментот градски еколошки свесни автомобили.

bmw-i-serija-2010-1

Сознанието доаѓа од клубот на фенови на BMW, крстен како е90.com за кого инасјдер на производителот до Минхен навел дека BMW регистирал 9 трговски марки кои се однесуваат на имињата на нови модели.

Според информацијата баварците ги регистрирале ознаките i1, i2, i3, i4, i5, i6, i7, i8 и i9 од кои може да се заклучи дека во иднина во продажба ќе се најдат дури девет еколошки модели на BMW.

Инсајдерот кој ја дава информацијата наведува дека постојат две варијанти кои BMW може да ги искористи во поглед на ново регистираните ознаки.

Првата варијанта е баварците да конструираат еколошки модел од секоја серија во понудата, значи до Серија 1 до Серија 7 и истата да ја означат со новaта ознака „i”.

Втората варијанта е да се искористат дел од ознаките за одредени модели од постоечката гама на BMW, а останатите ознаки да се чуваат за останатите модели кои ќе пристигнат во иднина.

Од BMW сеуште нема официјална информација во врска со регистрирањето на овие 9 трговски марки. Се очекува официјалното соопштение да биде обелоденето на салонот во Детроит.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook