Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
BMW планира да го проширува семејството „i”
10.08.2011

Откако ги најави првите модели од серијата i во облик на концептите i3 и i8, BMW соопштува дека развојните инженери веќе започнаа со работа на развој на нови модели од модерното семејство „i”.

bmw-vision-connecteddrive-1-2011-1

Податоците за новите членови на иновативното семејство на BMW се прилично сиромашни. Баварците наведуваат дека нивните ознаки ќе бидат i4 и i5 и секој ќе биде наменет за дијаметрално различна група на купувачи.

Имено i4 ќе нуди две места за седење и ќе биде поставен на основата на i3. Не се знае дали станува збор за родстер или купе, или пак, и за двете. Но, се очекува да биде сличен на концептот Vision ConnectedDrive.

Од друга страна i5 ќе биде поставен на основата на i8. За него се вели дека ќе биде седан од средна класа, ќе има четири врати, но ќе го задржи стилот на едно купе. И двата модели ќе имаа одлична возна динамика.

Покрај двата нови модели серијата i ќе се прошири и со нови изведби на i3 и на i8. Помалиот i3 ќе има верзија со зголемено меѓуоскино растојание, додека спортистот i8 ќе има отворена верзија.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook