Get Adobe Flash player
BMW подготвува М – мотор за Z4
23.12.2009

Станува збор за проект наменет за клиентите на BMW со подлабок џеб желни за тркање за кои спортскиот оддел на баварската марка ќе нуди приватни тркачки тимови со еден сосема нов модел.

bmw-z4-1

Новиот модел кој е дел од тркачката пoнуда на BMW ќе го носи името Z4 GT3 и што е најважно под хаубата ќе пакува моќни 480 нервозни понија способни за и повеќе од достојни резултати на тркачка патека.

Оваа условно наречена М-верзија на отворениот Z4 ќе стане дел од понудата веќе в година. BMW Z4 GT3 ќе се вози на трки како GT Open, ADAC GT Masters, Европскиот шамппонат на FIA GT3...

BMW Z4 GT3 ќе биде на располагање само за на патека. Значи уличните тркачи остануваат разочарани.

Моторот кој истискува 480 КС е дериват на познатиот 4.0 литарски V8 од М3 кој што работи и под хаубата на актуелната тркачка верзија на M3, GT2. Снагата ќе се испраќа до задните тркала преку 6 степен секвенцијален менувач.

BMW Z4 GT3 дополнително ќе има тркачки ABS систем споен со посебен систем за контрола на тракција исто така наменет за на трка и специјални леснометални бандажи.

Плус тука е комплетната опрема вклучувајќи и заштитен кафез и засилувања на шасијата која одговара на нормите што важат за автомобилите од шампионатот GT3.

Од BMW сеуште не сакаат да го прикажат конечниот лик на Z4 GT3, но затоа не се срамат од цената која ќе изнесува околу 298.000 евра.

 

 

 

Facebook