Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
BMW престанува да произведува V8 дизели
29.03.2008
bmw-v8-motor-1.jpgЗаострувањето на регулативите за емисијата на издувни гасови како во Европа така и во САД натера дел од производителите полека да се откажуваат од своите големи мотори.

Една од првите марки што почнува да се прилагодува кон новите правила е BMW. Баварците одлучија да престанат со производство на своите масивни V8 дизели и се свртуваат кон современите технологии кои користат турбополначи, директно вбризгување со чие комбинирање и еден шест или четири цилиндарец може да произведе адекватни перформанси со занчително помала емисија на штетни гасови.

Извршниот директор на BMW, Норберт Реитхофер вели дека баварскиот производител ќе се фокусира на линиските шест цилиндрични мотори со цел смалување на потрошувачката и емисијата на издувни гасови и пресретнување на сторгите еко-норми кои следат во годините што доаѓаат.

Според Реитхофер откажувањето од големите V8 е логичен след на настаните, посебно откако добро ќе се размисли и ќе се заклучи дека купувачите пред се купуваат дизел заради ниската потрошувачка и поопуштеното возење, а не заради врвни перформанси.

Интересно е што одлуката на BMW се коси со идеите на Audi кој дури сега одлучи да го претстави својот V12 TDI најмоќниот сериски дизел на светот.

Иако дијаметрално спротивни, веруваме дека и едниот и другиот производител не ги влечат потезите на памет и зад одлуките стои долгорочна стратегија.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook