|
05.11.2008 |
Концептот CS кого BMW го
претстави минатата година на салонот во Шангај нема да доживее да влезе во
сериско производство. Тој е жртва на светската економска криза.
Ова со жалење го констатираат одговорните во BMW.
Автомобилот кој првично беше наменет да им се спротивстави на Mercedes
CLS, Porsche Panamera, Maserati Quattroporte ќе остане
да лежи во музејот на BMW како експонат.
По многу превирања и пресметки Баварците одлучија да не
го произведуваат купето со четири врати CS.
Информацијата беше објавена по срамнувањето на финансиските резултати од
третиот квартал.
„Потребата да ги насочиме нашите сили кон остварување на
профит и постигнување на висока ефикасност во овие времиња не наведе да
направиме одредена ревизија на нашите производствени планови за во иднина.”
„Како резултат на тоа BMW Group одлучи
концептот CS да не влезе во сериско производство затоа што овој
автомобил не одговара на внатрешните потреби на компанијата за оправдување на
инвестициите,” се вели во соопшетнието за јавност издадено од BMW.
Секако престанокот на развој важи само за CS, додека
останатите проекти како што се мекиот теренец Х1, концептот BMW Серија 7 Active
Hybrid, X6 Active Hybrid и Mini Crossover ќе бидат завршени и според планот
влегуваат во сериско производство.
|