Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
BMW Серија 1 има погон напред!?
23.03.2010

Не! Не станува збор за грешка. Туку за верување на 80% од сопствениците на различни верзии од Серија 1 на BMW кои сметаат дека најмалото BMW во понудата на марката има погон на предни тркала.

bmw-verzii-serija-1-2010-1

Непобитен факт е дека BMW произведува автомобили кои имаат погон на задна оска. Уште еден непобитен факт е дека, барем до сега, не постои баварец кој има погон на предна оска. Точка.

Меѓутоа не мислат сите така. Барем не сопcтвениците на Серија 1. Информацијата која доаѓа директно од BMW вели дека 80% од сопствениците на BMW Серија 1 се убедени дека возат автомобил со погон на предна оска.

Дека сопствениците на Серија 1 се убедени дека возат автомобил со погон напред во BMW станале свесни откако лично шефот на BMW, Норберт Рајтхофер нарачал компанијата да направи сопствено истражување.

Истражувањето е направено со цел да се види како ќе реагираат потенцијалните купувачи по најавата дека BMW работи на развој на платформа со погон напред и дека на неа ќе бидат пставени идните најмали модели на производителот од Минхен.

Очигледно дека одлуката за развој на возила со погон напред и нема толку да влијае на имиџот на BMW. Факт е дека и сега огромен дел од соствениците на Серија 1 веруваат во тоа и очигледно ниту најмалку не им пречи, бидејќи продажбата оди одлично.

Од BMW не наведуваат во која држава, или на кој континент е направена анкетата, но се верува дека тоа сигурно не е некоја држава од Европа бидејќи купувачите на Стариот континент многу добро знаат што е BMW и какви автомобили произведува.

Планот на BMW е првиот модел со погон напред да го претстави во 2014 кога ќе се појави и наследникот на Mini кој исто така ќе биде поставен на платформата.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook