|
Иако сеуште не е извесно како во Минхен ќе ја крстат жешката верзија на Серија 1 извесно е дека автомобилот влегува во серија и извесно е дека покрај купето спортистот ќе се нуди и како кабриолет.

Официјално од Минхен потврдија дека даваат зелено светло за Серија 1 М Coupe и за Серија 1 М Cabrio, a дизајнерите од Jonisbal вљубеници во BMW веднаш се потрудија да го дадат најверниот приказ на малиот и жежок кабриолет.
Станува збор за компјутерски генерирани фотографии за кои инсајдери од BMW уверуваат дека се многу близу до оригиналот.
BMW Серија 1 М нуди низа разлики во односн на актуелниот најмоќен модел 135i. Први во око паѓаат пошироките крила и напред и назад кои дозволуваат поставување на пошироки гуми и воедно ја зголемуваат трагата на автомобилот за постигнување на поголема стабилност.
Понатаму предните крила имаат отвори за ладење во вид на шкрги. Отворите се повторуваат и во задниот браник низ кои се одведува врелиот воздух од сопирачките и од задните издувни лонци.
Одзади забележлив е и дифузорот кој генерира обратен потисок и четирите издувни цевки. Меѓутоа се очекува дека одзади ќе бидат поставени две издувни цевки заради олеснување на конструкцијата.
Имено дилемата на инженерите од M одделот на BMW е дали да се постави тркачкиот издувен систем скроен за концептот – tii, кој има поголема тежина, или пак, да се оди на полесната варијанта.
Од инсајдерите исто така се дознава дека Серија 1 М најверојатно ќе има 336 КС, односно само 30 КС повеќе од 135i, а не 350 КС како што се претпоставуваше.
Меѓутоа пониската тежина на Серија 1 М благодарение на користењето на алуминиум за предните крила, капакот од багажникот и хаубата, и карбон-фибер за кровот ќе ја направат да биде вистинска ракета на четири тркала.
|