Купето од серија 1 сеуште не стартувало со продажба како
што треба, а BMW веќе на
негова основа создава концепт и ги зголемува перформансите на и онака жешкиот
автомобил.
На концептот доминираат олеснувања во стилот на Lotus, највеќе со
употреба на полесни материјали, така што сега купето од серијата 1 не потсеќа
на непрежалениот 2002.
Од дизајнот фокусиран само на возачот и стaјлинг на
извонредниот „tii” чие име и
го носи, овој најмал BMW е духовен
наследник на историскиот 2002.
Но, не било каков. Овој автомобил е високотехнолошки
наследник. Работи за кои 2002 неможел ниту да сонува се стандардна опрема на
овој концепт.
Пластика зајакната со карбон-фибер или CFP е користена
обилно. Заден дифузор како кај тркчите од DTM кој помага
за зголемување на притисокот врз подлогата. Комплетен аеродинамичен тјунинг на
каросеријата.
Па дури и бојата вришти „перформанси!”. Мат црна хауба го
чува окото на возачот од одблесок како и белата веѓа на горниот дел од предното
стакло. Сината боја заштитниот знак по кој се распознава BMW се наоѓа на
поситните детали.
Внатре темата со боите на BMW
продолжува. Доминира црна алкантара, а со неа е преслечена и арматурата.
Монотонијата е разбиена со белите рачки за отворање на вратите како и пречките
на воланот.
Сините шевови на седиштата и на деталите го комплетираат
тематскиот дизајн во три бои црна-бела-сина. Син ремен за возачот и сребрени
ремени за патниците му даваат единствен лик и ги потсетуваат
останатите дека се наоѓаат во автомобил кој е ориентиран кон возачот.
Но, разочарува фактот дека сеуште нема потврда од BMW кога ова џебна
ракета ќе влезе во производство, односно дали воопшто ќе се случи тоа, колку ќе
чини, кој мотор ќе го носи, колку коњски сили ќе има и слично.
Единствено знаеме дека нема да ги тргнеме очите од него и
ќе ве информираме за секој следен потег на BMW кога е во прашање ова осило.
|