Get Adobe Flash player
BMW Серија 5 GT протечена информација
22.05.2009
bmw-5-gt-1.jpgКон крајот на 2007 извршниот директор на BMW, Норберт Рајтхофер окри план за создавање на неколку нови модели меѓу кои се најде и дизајнерската студија на наречена PAS.

Со акронимот за Progressive Activity Sedan, PAS беше крстен концептот со димензии и облик слични на Серија 5 на BMW, но со наставка GT, односно Grand Turismo во името и задник со облик на еден хечбек.

Подоцна ловците на автомобили може да сретнат тестни мулиња сокриени под масивна камуфлажа под која едвај може и да се наѕре што се готви во развојните одделенија на BMW.

Затоа денес имаме протечена информација од официјални фотографии кои случајно или намерно протекуваат од штабот на BMW во Минхен на пат кон Бирото за заштита на индустриски дизајн, а ги пресретна и објави францускиот магазин за автомобили Automobile-magazine.

Фотографиите ја прикажуваат сериската верзија на BMW GT.

Каросеријата на BMW Серија 5 GT претставува микс од дизајнерски елементи на еден кросоовер, хечбек, комби кои се слиени заедно во една форма која е прилично уникатна во сегашниот свет на автомобилите.

Секако стилот што го нуди BMW GT нема да му се допадне секому, посебно не на традиционалните вљубеници во марката, но токму затоа BMW не се откажува од класичната Серија 5.

Од Минхен испраќаат порака со која сакаат да одговорат на барањата на што поширок круг на купувачи. Затоа испраќаат автомобил кој би можел да биде некаков премиум караван со линии на купе и како што велат информациите огромна варијавилност и можности за распоредување на товар и ситници.

BMW GT е голем автомобил. Во должина мери 4,99 m што е значително повеќе од седанот Серија 5. Единствен автомобил што доаѓа од погоните на BMW, а е подолг од него е Серија 7.

Големата должина значи дека BMW GT нуди многу простор во внатрешноста и багажник со голем волумен. Но, од BMW најавуваат дека и покрај димензиите BMW GT е автомобил предвиден за превоз на само четири патници.

Назад се седи во две одвоени седишта со изобилство простор по ширина, висина и должина. Капакот, односно вратата на багажникот е поделена во два дела.

Протечените информации не откриваат кои мотори и менувачи ќе се вградуваат во BMW GT и дали ќе има погон само на задни тркала или ќе се нуди со погонот на четири тркала на BMW, XDrive.

Без оглед што во BMW сеуште молчат извесно е дека BMW GT ќе ги носи моторите од наследникот на Серија 5. Тоа значи дека на мени се новите шест цилиндерци кои ќе бидат спарени со осум степен автоматски менувач, а веруваме дека под хаубата ќе се најде место и за V8 бензинците.

Се очекува сериската везрија на BMW GT да ја доживее светската премиера на салонот во Франкфурт во септември, а продажбата би стартувала пред самиот крај на годината.

 

 

 

 

Facebook